Ви го претставуваме Orion

separator

Додека се борите со летните жештини и ги чувствувате ефектите на екстремните температури, ние мислиме на вас и вашите потреби на подолг рок. Знаеме дека жештините набргу ќе минат и пополека вашиот хороскопски знак ќе влезе меѓу соѕвездијата на ЕкоШпар, во оној дел од годината кога надвор целзиус ќе кампува во зоната на минусот, а ние ќе ја бараме топлината која сега ни претставува проблем.

А можеби најпознатото соѕвездие во нашата галаксија е „кум“ на едно од нашите најнови деца, родено големо: со цели 40 kW моќност и ефикасност од над 92%. Се вика ORION и функционира како котел на пелети кој се приклучува на вашиот систем за централно греење. Идеален е за загревање површини до 350 m², а може да биде ваш во една од 15-те достапни бои. Ако се плашевте дека никогаш нема да најдете котел на најеколошкото гориво - пелетите, време е за промена на расположението.

ORION, добредојде во екипата.