Пристигна GEMINI 10

separator

Добрите вести не запираат: фамилијата на EcoSpar се зголеми за уште еден близнак. После презентацијата на GEMINI 8, со задоволство ви го најавуваме најновиот член на нашата екипа на производи кои се грижат за животната средина, вашето здравје и најпријатната атмосфера во вашиот дом.
Се вика GEMINI 10, има моќност од 10 kW и со чиста 10-ка ќе го положи испитот за олеснување на вашиот живот тогаш кога температурите се негативни, а вашето расположение мора да остане позитивно. Најновиот камин на пелети од нашиот тим е совршен за справување со простор од 80-100 m², а јаготката на шлагот е вградениот тач-скрин контролер, кој уште повеќе ќе ви го олесни управувањето со новиот најдобар пријател на комфортот во вашиот дом.
GEMINI 10 е создаден за вас!