EcoSpar Кредит

separator

EcoSpar во вашиот дом со помош на кредит од Стопанска Банка а.д. Битола.
Ако сакате да си набавите еден од нашите продукти, еколошки камин или котел на пелети кој ќе се грижи за одржување на температурата и нивото на задоволство во вашиот дом, но средствата се испланирани на месечно ниво и не смеете да си дозволите покрупна инвестиција, нема причина за нервоза. Кога ќе заврши летото нема потреба да започнат вашите грижи бидејќи отсега сите наши продукти можете да ги набавите со помош на кредит кој специјално за производите на EcoSpar го овозможува Стопанска Банка а.д. Битола.
Каде е трикот? Нема трик. Има фиксна каматна стапка од 7,5% во првата година и променлива стапка од 10,9% после првата година. Трошоците за апликација се 200 денари, а провизијата за одобрување на кредитот е 2%. Минималната сума која може да ја подигнете за набавка на камин или котел на EcoSpar е 45.000 денари, а максималната оди до 165.000 денари - со кои го плаќате новиот најдобар другар на комфортот во вашиот дом кој подеднакво се грижи за животната средина како и за вашето време, здравје и удобност. Бесплатно добивате транспорт до вашиот дом и сервис. Кредитот на Стопанска Банка а.д. Битола може да се отплаќа на 6, 12, 24, 36 и 48 месеци.
Сега EcoSpar е уште поблиску до вас.