Gemini 8, добредојде!

separator

Со огромно задоволство ве информираме дека имаме неколку новороденчиња во EcoSpar фамилијата. Започнуваме со близнаците: една од најновите принови во тимот на борци за секој степен од комфортот во вашиот дом се вика GEMINI и доаѓа во верзија од 8 kW. Што значи тоа? Тоа значи дека ако го баравте идеалниот камин на пелети кој ќе направи удобно место за живеење од вашиот дом од 60-80 m², имаме одлични вести за вас: се наоѓа токму пред вашите очи. Од сега па натаму, вие и природата имате уште еден најдобар другар кој го штеди вашето време, се грижи за животната средина и воопшто не ви го комплицира животот.
Тоа го знаевте и досега за нашите производи, но од денес терминот „лесно ракување“ има ново значење, затоа што управувањето со GEMINI 8 е лесно како 2 и 2, благодарение на тач-скрин технологијата вградена во најновиот продукт на EcoSpar, создаден за да ви го разубави животот.
GEMINI 8, добредојде во тимот!