Нови Производи

separator

EcoSpar со најголемо задоволство ви соопштува дека од денес вашиот избор на верни пријатели на топлината на вашиот дом се зголемува за уште неколку исклучителни продукти. Покрај 6-те видови на печки и котли на пелети кои добро ги знаете бидејќи не ја изневериле вашата доверба, на тимот на чувари на топлината во вашиот дом од денес им се приклучуваат и овие засилувања:
МAXIMA, 30 kW моќниот котел на пелети со вградена експанзија и пумпа;
МINIMA, новиот 10 kW котел на пелети со вградена експанзија и пумпа;
МINIMA B, вториот 10 kW котел на пелети, наменет за подрумските простории;
АURIGA B, со модифицираниот 23 kW модел, наменет за поставување во котлара;
АLBA B, новата 15 kW верзија со експанзија и пумпа, модифицирана за во котлара.
Од денес на дофат ги имате сите овие 5 нови модели на EcoSpar и дефинитивно најдобриот избор на печки и котли на пелети во Македонија и на Балканот. Бидејќи вашето задоволство е наше гориво!