
EcoSpar е најдобриот пријател на вашиот дом веќе 9 години.
Нашата мисија е иста од првиот ден, па се до ден денес: да ги создадеме најквалитетните продукти од еколошки и економски аспект кои ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот, ќе ви го штедат времето, ќе внимаваат на вашиот паричник и ќе се грижат за воздухот кој сите го дишеме.
Мотивот за нашиот успех сте вие. И ќе продолжиме по истиот пат.
ЗАЕДНО СО ВАС!
Подготвени сме да одговориме на сите предизвици. Сите наши продукти се изградени со најквалитетна технологија која гарантира дека вашиот EcoSpar производ ќе постигнува врвни резултати на полето на квалитетот, функционалноста, економичноста и заштитата на животната средина. Сите наши продукти со гордост го носат епитетот „Пријатели на природата“ потврден со повеќе сертификати, согорувајќи со ефикасност од над 90% и испуштајќи безбоен гас кој воопшто не е штетен за природата. Производите на EcoSpar го чуваат вашето здравје.
Горди сме затоа што нашите продукти лесно се вградуваат и се едноставни за ракување.
Горди сме затоа што ги задоволуваме највисоките европски стандарди за квалитет, заштитувајќи ја животната околина без да загубите ни половина степен од топлината во домот. EN 14785, EN 303-5, ISO:9001 и CE декларацијата се само неколку формални потврди за нашата посветеност во создавањето на она што е најдобро за вас.
Горди сме затоа што ги имаме најпрактичните и најефтини решенија за вашите проблеми. Нашите печки и котли се исклучително лесни за одржување и чистење со што ви заштедуваат време и нерви во битката за топлината и позитивното расположение кога темепратурите се во негатива.
Горди сме затоа што постојано работиме на подобрување на нашите технологии и дополнително олеснување на користењето на нашите продукти, во склад со најмодерните светски теркови во областа на смарт-технологиите.
Горди сме затоа што верувате во нашиот квалитет!
ECOSPAR КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
За сите подетални информации за нашите продукти ви стоиме постојано на располагање на нашите телефони, e-mail и социјалните медиуми на кои ги споделуваме сите новитети за технологиите кои ги имплементираме, а со цел постојано да го подобруваме нашиот квалитет и вашето задоволство.