Новите печки на иднината EcoSpar значително ќе ги намалат вашите трошоци за време на грејната сезона и навистина ќе ви ги олеснат одржувањето и чистењето, со што вие ќе заштедите од драгоценото слободно време.
ПЕЧКИТЕ ECOSPAR СЕ ЕКОЛОШКИ, НИВНОТО РАКУВАЊЕ Е ЕДНОСТАВНО, ЛЕСНО СЕ ВГРАДУВААТ И СЕ НАЈПРАКТИЧНОТО И НАЈЕВТИНО РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈ ДОМ.
Ние, по договор, ќе ги доставиме до вашиот дом и ќе ви испорачаме пелети - продукт од компресирано дрво на кој работат печките. За печките добивате гаранција на 2 години, а гаранцијата на вградената електроника е на 1 година. Исто така, обезбеден е и редовен сервис, кој ви е на располагање во текот на целата година.
Дозволете си и вие да уживате во својот дом седнати покрај автентичен пламен од вашиот модерен "камин", којшто во моментов е вистински хит во Европа. Успехот на овие печки не се должи само на нивната ефикасност, туку и на заштитата на нашата животна околина. Нивниот иновативен греен систем на база на пелети има ефикасност од 90%, односно висок процент на согорување (останува малку пепел) и притоа испушта само безбоен гас, кој не е штетен за природата.
Бидете сигурни дека овие печки ќе ви овозможат ефикасно греење во зимскиот период, а со својот дизајн ќе внесат романтична и топла нишка во вашиот дом.
Разгледајте ја нашата понуда на печки и одберете ја онаа што најмногу ќе одговара за вашиот простор.